
Ултразвукот во физикалната терапија пред се се употребува како терапевтско средство. За ултразвучна терапија се користат апарати кои генерираат фрекфенции од 800 Khz (со пробивање во ткивото од 7 до 12 cm) и 1500 Khz (со површинско дејство од 1 до 2 cm). Ултразвукот се користи кај различни дисфункции на мекото ткиво вклучувајќи ги контрактурите на зглобовите, воспаление на тетиви, зглобови, при спортски повреди, периартрит на рамо, карлични артрози, спондилоартрози, дискус хернија и сл. Времетраењето на процедурата е од 5 до 10 минути, а курсот на лечење е од 6 до 12 процедури.
Влијанието на ултразвукот врз ткивата е многукратно
- механичко (се добиваат виорни движења на цитоплазмата, што всушност претставува еден вид на микромасажа на ткивата)
- топлинско (ја подобрува размената на материи, ја зголемува спроводливоста на нервите, ги намалува грчевите во мускулите)
- бактерицидно (го намалува размножувањето на бактерии)
Ултразвукот не се препорачува при акутни и свежи воспаленија, склоност кон крварење, било која состојба која може да предизвика хиперемија.