Дали сте во потрага по минимален инвазивен естетски третман за освежување и ревитализација на вашата кожа? Дали сакате да го подобрите целокупниот тонус, текстура и квалитет на вашата кожа? Мезотерапијата со дермапен може да биде вистинскиот третман за вашата кожа! La Vita – Em ви нуди мезотерапија со дермапен за затегнување на опуштена кожа, намалување на појавата на брчки и лузни од акни и подобрување на тонусот и текстурата на кожата.
Што е мезотерапија со дермапен? Оваа процедура е минимално инвазивна, нехируршка техника за подмладување на кожата при која се користи медицински уред, односно дермапен кој содржи повеќе микро иглички кои всушност создаваат микроканали во кожата за зголемена стимулација на циркулацијата и природно производство на колаген во третираната област. Овој новосоздаден колаген и дава дополнителна поддршка на кожата и помага да се подобри целокупното здравје и квалитет на кожата. Овој третман помага во затегнување на кожата, подобрување на лузните, брчките и ја помага апсорпцијата на локални производи за нега на кожата.