Медицинската масажа е метод во физикалната терапија при која што се користи серија на систематски движења кои делуваат на кожа, поткожно ткиво и мускулатура. Медицинската масажа се изведува со раце за директно или индиректно дејствување на мускулниот и нервниот систем, како и за циркулација на крвта и лимфата. Поради хиперемијата, кожата после масажата добива изглед на затегнатост и еластичност. Медицинската масажа ја подобрува циркулацијата, го подобрува снабдувањето на телото со кислород и хранливи материи и ги елиминира штетните материи од метаболизмот, како и јаглерод диоксидот од крвта. Може да се користи како примарна терапевтска интервенција или како додаток на други терапевтски техники. Терапевтски индикации за медицинска масажа:
- Намалување на грчеви во мускулите
- Подобрување на протокот на крв
- Намалување на болката во мускулите и вкочанетост
- Превенција или елиминација на миогелоза (млечна киселина во мускулите)