
Класичен третман
Ова е хигиенски третман наменет за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата. Придобивките од овој третман се чиста кожа со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво. Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето дејство. Третманот се состои од чистење на лицето со соодветно млеко за лице, пилинг, тоник, пареа со вапазон, механичко чистење на лицето (отстранување на митесери), маска според типот на кожата и соодветна завршна крема. Со чистење на лицето го подобруваме ослободувањето од токсините, ја подобруваме циркулацијата, ја намалуваме видливоста на проширените пори, ја изедначуваме пигментацијата и го редуцираме воспалувањето на кожата.
Освежителен третман
Овој третман е наменет за моментално подобрување на изгледот на кожата. Третманот се состои од чистење на кожата на лицето, пилинг, мануелна масажа која го забрзува крвотокот и прави блага мускулна стимулација, нанесување на маска според типот на кожата и соодветна завршна крема. Овој третман трае 45 минути и е идеален брз третман за освежување на кожата.
Масажа на лице со или без маска
Масажата на лицето, вратот и деколтето е исклучително релаксирачка масажа која влијае на релаксација на целото тело. Масирајќи ги точно одредените делови од лицето, со акцент на точно одредени акупунктурни точки, овозможуваме длабока релаксација на клиентот. Оваа масажа може да се користи и во терапевтски цели, доколку се присутни главоболки или мигрена.
Бабор Краш третман за длабинска хидратација
Потполна активна хидратација со „Hydra plus active fluid“ или „Algae active fluid“. Фантастичната количина на влага која влегува во кожата во еден третман ја прави да биде сјајна, цврста и здрава. Во текот на третманот се нанесуваат од 3 до 10 ампули се додека не се задоволи и последната пора со влага.
Бабор лифтинг третман
Веднаш видлив лифтинг ефект со помош на „Babor lift express fluid“. Брчките се значајно редуцирани, тенот добива блескаво розеникав изглед и кожата станува цврста.
Бабор третман за чувствителна и стресна кожа
Третман кој длабински го чисти вашето лице, ја регенерира кожата и ги отстранува трагите што секојдневниот замор ги остава врз неа.
Бабор третман за мимични брчки
Младешка сила и енергија за сите типови на кожа. Помага кожата да се обнови и повторно да дише. Најјака борба против бори, сеедно дали се тоа бори настанати од мимики, старост или неадекватна нега.
Радиофрекфентен лифтинг на лице
Радиофрекфентен лифтинг – безбедна и безболна метода во борбата против брчките. Се изведува со помош на апарат кој произведува радиофрекфентна енергија. Оваа енергија создава топлина што предизвикува контракција на колагенските влакна, па така се добива моменталниот ефект. Исто така, оваа радиофрекфентна енергија ги стимулира фибробластите да создаваат нов колаген и еластин, што гарантира и долготраен ефект. Оваа метода може да се прави и на делови од телото, односно стомакот, нозете, рацете, задникот, бутовите каде што се постигнува убава, измазнета кожа.